WINTER APRICOTS ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Од 12 до 14 декември, во киното Мис Стон, ќе се одржи четвртото издание на интернационалниот филмски фестивал на краток филм “Winter Apricots”.

Од 18 часот  в четврток филмската програма ќе се отвори со кратки танцувачки филмови. Три часа подоцна ќе настапи етно составот Баклава. Фестивалот ќе достигне кулминација в петок и в сабота, 13 и 14 декември со 8 кратки филмови во таканаречената Балканска Селекција.

Влезот на сите настани ќе биде бесплатен.

В сабота на 14 декември ќе можат да се видат 7 македонски кратки филмови, за кои што публиката со гласање ќе го избере најдобриот. После уште 6 кратки филмови. На крајот ќе бидат прогласени победниците со уникатниот инструментален рок-блуз состав, групата “Filch”.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и филмска работилница на тема Филмска критика со доајенот на македонската филмска критика, Влатко Галевски.

Loading