СЕРИЈА ПОБЕДИ

Ракомет

Екипата на Деспина со одлична игра го совлада Чаир со 28-25. На  голот блесна голманката Богеска, а во нападот ефикасни беа Филипоска со 10, Е. Рипилоска со 6, Јовеска со 4, Камческа и Цветкоска по 3, Крстевска и Седлоска дадоа по 1 гол. Во вторник е гостување кај Ѓурче Петров.

Машкиот состав на Прилеп со 31-28 дома го победи Алушовски, а в среда гостува кај аутсајдерот Текстилец во Штип.

Loading