МОТОРЏИИ СО ПЕДИГРЕ

Moto trkite ne se bez koren

Џабе кола, џабе трактор… Пусти ќеф моторџиски, со “педигре”. Опнати на две тркала, ама битно е што бичат на бензин. И му студело на прстите, и во ушите му дувало, и камења од бубрези исфрлале, ама младиве, ни две, ни три, моторите ги јаваат, кочоперејќи се пред момите. Кој си наврел зимско капче наместо кацига, кој нафрлил заштини наочари, небаре шофершајбна, вистински нуркачи, ете ги воздух сечат и фрлаат чад зад себе како од оџак. Грофтаат моќните машини, парајќи ја тишината. Се збрале та се здале во мото трка. Се тресе моторџијата на седлото како да има хидромасажер под задникот. Се качувале на некој мотор класика да се почувствува екстра филинг. Градска, селска раја се кревала на нозе. Се пулеле на акробациите кога моторот се исправа на две тркала.             

Loading