СЕДУМДЕСЕТ И СЕДУМГОДИШНА БАБА ПУКА ОД ЗДРАВЈЕ

kromidЗголемениот крвен притисок и шеќер во крвта мачи голем дел од светската популација. Покрај медицинските терапии во зависност од тежината на здравствената состојба, луѓето со години користат и природни методи кои помогаат во стабилизирање на здравствената состојба.

Една баба (77) од Русија, нивото на шеќер и крвниот притисок ги држи под контрола со кромид. Вели дека крвната слика и е подобра отколку на младите денес.

Таа секое утро вари 8-10 минути неколку излупени главици кромид (околу 300 г.) со 250 мл. вода. Течноста ја дели на три делови и пие половина час пред појадок, ручек и вечера. Третманот го применува 10 денови без прекин, па прави пауза од 10 дена. По овој принцип таа продолжува до ,,терапијата,, најдолго 6 месеци.

Природниот лек го снабдува организмот со потребната доза железо, калциум, цинк, манган и кобалт. Бидејќи расте под земја, кромидот изобилува со природни етерични масла, како и фитинска киселина која е докажано дека ги уништува бактериите во белите дробови.

Водата од варен кромид благотворно делува кај чиреви, улкуси и респираторни тегоби. Помага и во спречување на бактериски инфекции.

Loading