КОНЦЕРТ НА ОБОА

„Со звуците на обоата“ е насловен концертот што ќе се одржи в понеделеник од 19 часот во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе настапи Гордана Јосифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасоска Ивановска. На програмата се дела од популарни композитори.

Проф. м-р Гордана Јосифова – Неделковска дипломира и магистрира на ФМУ. Се усовршувала на академија во Варшава и во Канада. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Македонија е Елена Атанасовска – Ивановска. Таа го дава својот придонес за развој на музичкиот живот во земјава и надвор од неа. Дипломирала со највисоки оценки на ФМУ. Магистер е од 2005 година. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.

Loading