ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЦСЛУ

sclu

Изложба од над 20 дела од колонијата на ЦСЛУ 2018 ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе може да се види творештвата на уметници од земјава и од странство, учесници на ланските традиционални манифестации на ЦСЛУ.

-ЦСЛУнаправи одличен избор на ликовни уметници од домашната и од меѓународнта ликовна сцена. Дел се доста познати и во меѓународни рамки. ЦСЛУ покажува дека има квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња. Огромно е задоволството што склулпторите учесници во Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер и Интернационалното атеље за  скулптура во метал оставија дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, оригиналност и иновативност… Лани со гордост  ставивме посебен акцент на јубилејот од 55 години Интернационален скулпторски симпозиум во мермер. На Интернационалната сликарска колонија се јавија прилепските сликари, кои ја возобновија идеајата дека сите заедно сме доволно силни да го вратиме приматот на препознатлив уметнички град, кој иницирира и град кој може да се протвори во атрактивно место за живеење и творење – вели  Јана Јанеска Ристески, претседател на Уметничкиот совет на ЦСЛУ.

ЦСЛУ имаше успешно деби во Грција на 4-от Меѓународен саем за современа уметност во Солун, Грција.

-Во Грција првпат е преставено богатото ликовно творештво на ЦСЛУ. Голем број на грчки уметници биле учесници на најстарата ликовната колонија во Македонија од 1957 г. Беа претставени дела на Гаитис, Форцас, Апостолу… Ова беше одлична можност уметничките дела на познати автори, учесници на Интернационалните ликовни работилници да бидат презентирани пред меѓународната публика. Уметничкиот штанд на ЦСЛУ предизивика огромен интерес – велат Јана и Горан Ристески.

Од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија до денес ЦСЛУ негува континуирано ликовно творештво кое  низ годините успешно се промовира преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, маил арт, street art  i body паинтинг арт. Во текот 62 годишното постоење, преку овие работилници  се создадени повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот.

Loading