ДВЕ ЗБИРКИ ОД ТОНИ ПАВЛЕСКИ

toni pavleskiГабриела Стојаноска Станоеска и Сузана Ѓорѓиевска ќе бидат промотори на двете збирки ,,Пред налетот на зборот,, и ,,Говорот на љубовта,, од Тони Павлески. Промоцијата вечерва од 17.30 часот во Арт кафе ќе ја води Цеца Видова Трајческа. Стихови ќе читаат Марија Наумоска, Викторија Тодороска и Марија Мантова.

Содржината на ,,Пред налетот на зборот,, пее  низ едноставен поетскиот израз и едновремено јазик кој е сложен, непосреден, разбирлив и слоевит, богат со воодушевувачки метафори и семантика за задоволување на читателската жед за естетика, значења и повисока смисла.

,,Говорот на љубовта,, е збирка со 45 поетски целини со различна тематика. Се пее во слободен стих низ кој провејува лирика. Исполнети се со љубов, иронија, размисли за секојдневното живеење.

Павлески пишува од средношколските клупи. Ги објавил и  збирките ,,Воскресозборие,, и ,,Икона,, книги со хаику поезија. Бил објавуван во повеќе поетски списанија и во хаику збирки. Добитник е на повеќе награди. Застапен е и во изданието ,,Прилепското писмо,,. Во 2013 година добитник е наградата 3-ти ноември за постигнувања во поезијата. Стиховите се преведувани на англиски, романски, словенечки, италијански, српски јазик.

Loading