АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Политичарите забораваат дека гласачкото тело има и -душа.

x

Кај нас нема непливачи. Сите пливаат во – долгови.

x

Времето лечи се, но не и невремето во кое сме.

x

Прагот на толеранцијата и понатаму сите само го прескокнуваме…

x

Како да му плукнеш во лице кое нема ниту образ.

x

Мислеше дека сме село без кучиња. Кога му се пуштија за него беше доцна.

x

Дрво без корен ветрот ќе го кутне. Човек без корен кутнува се околу себе.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading