КНИЖЕВНА СРЕДБА СО НАЈПРОДАВАНИТЕ МАКЕДОНСКИ АВТОРКИ

Утре од 12 до 15 часот книжарницата Викели организира средба и дружење со трите најчитани македонски авторки во последните неколку месеци. Можно ќе биде дружење и разговар со Наде Стоиљковиќ, авторка на романот ,,Ќерката на дрвосечачот,,, Верица  Митева автор на ,,Нечесна игра,, и Маја Божиновска авторка на ,,Флерт уцени и високи потпетици,,.

Авторската турнеа ги промовира и популаризира на македонското творештво. ,,Ќерката на дрвосечачот,, е книга за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините. ,,Нечесна игра,, е книга со куп емоции, а ,,Флерт уцени и високи потпетици,, преку страниците го доловува секојдневието на една жена која сака да постигне успех по секоја цена.

Loading