АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Оние кои мислат – тие постојат, а на нивниот грб постојат оние што не мислат!

x

Секогаш ќе имаат доволно само оние кои знаат во секоја ситуација што е доволно.

x

Не може за заслугите на другите да судат оние што немаат никакви заслуги.

x

Времето незапирливо поминува и ние со него, ама што е со оние што ќе ги одмине?

x

Колку всушност живеат талкачите низ животот?

x

Пред изборите тврдеа дека се ангели, а откако ја приграбија власта се покажаа како – ѓаволи.

x

Кој дреме за ништо нема – време.

“Д-р Хаџи- Васков”

Loading