УСПЕШНО ДЕБИ ВО СТРАНСТВО

Стрелаштво

Стрелечкиот клуб Херој Прилеп ги обнови некогашните контакти со странските клубови. Плод е првото меѓународно учество на оваа генерација стрелци. Настапот беше во Благоевград, на покана од домашниот клуб Пирин, а натпреварот е Отворено првенство на Бугарија. Во дисциплината воздушна пушка – меѓународна програма, во групата до 16 години, Ирина Јованоска го освои второто место меѓу 12 учеснички, со погодени 365,9  круга. Во истата конкуренција Магдалена Ристеска е на 9 место со 343. Кај младинците успех на Мартин Ангелески, кој е втор меѓу 16 учесници. Пласманот во финалето го одбележа со погодени 577,8 круга.

Тренерот Трајче Дамески примил покана и за настап во Пловдив.

Loading