ПОБЕДА РАЗОЧАРУВА

Фудбал

Се негуваше надеж дека се можни подобри игри и резултати на второлигашот Победа. Но, од лошото имало и полошо. Во најслабото есенско издание загуби дома со 0-1 од Кожуф. Мал посед на топката, само два шута кон голот и тоа на крајот или впечатокот е многу лош. Претстои пауза до 23 ноември кога е гостувањето кај Плачковица во Радовиш.

Табела: Беласица 28, Брегалница 27, Кожуф 26, Тиквеш и Пехчево 24, Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3.

Во Женската фудбалска лига по паузата поради настап на репрезентацијата, Деспина, лидерот на табелата, ќе има гостување кај Ас унитед во Струга.

Loading