МЕЧКА ИГРА СРЕДЕ ГРАД

 

Cudo za germanskite vojniciПред седумдесетина години, немало многу забава за обичниот народ. Без телевизија, со по некое радио кај чорбаџиите и на прсти се броеле сопствениците на грамофони со инка и со навивање, побогатите ќе пуштеле некоја мелодија, а под пенџере се збирал народ да чуе нешто.  За време на војната отежнато било патувањето од еден во друг град. Скоро единствено, а и најинтересно било кога од Србија, ќе дојдел човек со мечка која играла на ритамот на дајрето. На ѕверот ич не му било до игра, и не ни го слушал дајрето или тапанот. Имал мака од чингелот, закачен на носот поврзан со голем железен синџир што ја држел мечкарот. Тој со едната рака тропал, а со другата ја влечел мечката за носот, која од болка застанувала на две нозе и подрипнувала. Тоа на народот му изгледало интересно. А, од фотографијата гледаме дека и германските војници се чуделе на балканскиот простотилук. Тие, веројатно, мечка имале видено во зоолошка или во циркус. Мачењето на кутрото животно не го сметале за човечко. Деценија по ослободувањето замрел овој начин на забавување на народот. Покрај појавата на радио и телевизија, немало место за “мечка што игра”. А, сега, ако се види ваква слика, на мечкарот не му бега кривична пријава за злоставување на животно.     

Loading