КАРАТЕ РЕВИЈА

Историја

Некогаш мошне често се одржуваа карате првенствата и турнирите во градов. Љубителите на овој спорт ги гледаа на дело каратистите со сите нивни вештини. Во февруари 1992 година, во Универзалната сала имаше карате – ревија, организирана од Карате клубот Енергоинвест 11 Октомври, тогаш југословенски прволигаш. Продефилираа над 200 каратисти, од пионерска до сениорска категорија, од почетници до врвни мајстори на каратето, освојувачи на медали. Ревијата требаше да биде традиционална и да се одржува секоја година.

Претседател на клубот беше Благоја Костоски.

Loading