АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Лошо скроените и понатаму се обидуваат да кројат туѓи судбини.

x

Толку многу го посакуваше туѓото што го загуби и своето.

x

Кога потпишувате кандидатура напишете и што ќе реализирате.

x

Со талентирани ученици треба да работат талентирани наставници.

x

Парите можат да бидат добар слуга ама сигурно се лош господар.

x

Ако не сакате некој да ви го поремети денот внимавајте да не ви го расипе векот.

x

Со планови за планови само може да се тапка во место.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading