СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ

Шах: Меѓународен турнир „ОПЕН Прилеп“

Меѓународниот турнир во забрзан шах ,,ОПЕН Прилеп,, на едно место собра 114 учесници од Бугарија, Србија и Македонија. Меѓу фаворитите за највисок пласман – петте велемајстори, тројцата интермајстори и деветмината фидемајстори, се замешаа и неколкумина без меѓународна титула. Дека отстрана дојдоа квалитети потврда е конечната табела, каде првите четворица се странци. Победи ВМ Дренчев од Бугарија, пред ИМ Станковиќ од Србија со по 7,5 поени, а подолу се Србите – ВМ Миљковиќ и ИМ Златановиќ со по 7. Од Македонците највисокопласиран е ФМ Динев (5 место со 7 поени), а втор домашен е ВМ Станојоски (8 место со 6,5 поени). Од прилепчаните вреди пласманот на ФМ Р. Велески (12 место со 6,5).

Неверојатна ментална сила

Шахот е исцрпувачки спорт. Учествуваат само најподготвените – физички и психички. За почит е издржливоста на некои шахисти на ,,ОПЕН Прилеп,,: Србите Миљковиќ, Златановиќ, Лајтхајм, нашиот Станојоски… Тие во петокот беа на турнирот во Скопје, во неделата во Прилеп. Уште поголем напор издржаа Бугарите Данов, Дренчев и Стојнев – во петокот беа во Скопје, во саботата во Призрен, во неделата во Прилеп.

Пофалба за највозрасниот учесник, 76-годишниот Стефан Присаѓанец.

Loading