ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА ЗА ДЕЦА „УЧИЛИШТЕ ЗА КЛОВНОВИ“

Здружението за едукација и култура „Наша сцена“ в недела во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата за деца ,,Училиште за кловнови,, по текст од Коле Ангеловски. Содржината е многу смеа, игра и пеење со Јасмина Мицовска – Станкоска, Андон Јованоски – Ашата и Илија Волчески.

Костимите се на Александар Џинго, а музиката на Томе Темелковски.

Loading