Зборува што ќе му “падне на памет”, ама паметот одамна му заминал!
x
Нема ништо свето кај оние кои знаат само за бруто и нето.
x
Наместо рецепти за здрав живот не нудете ни рецепти за држава.
x
Пред изборите ги пееја сите песни, а сега само својата.
x
Ги кренаа главите кога водата им стигна до вратот.
x
Ред е сите кругови да се фатат со катанец.
x
Сеете добри зборови, а не лоши семиња.
“Д-р Хаџи-Васков”