40 ГОДИНИ НА ДОМОТ НА КУЛТУРА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

marko cepenkov foto

Со проекциите на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски НУЦК „Марко Цепенков“ го почна одбележувањето на 40 годишнината на прилепскиот храм на културата. Роденденот ќе се прослави со изложби, концерти, претстави, меѓу кои пијано маратон, концерт на солисти ,,Амбасада на мајсторство,, од Санпетербуршката школа од Русија, премиера на претставата за деца ,,Ивица и Марица,,…

Културната институција со четиридецениско реноме го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија. Домот се ,,роди,, во 1979 г со претставата ,,Факел,, од Коце Солунски. Прво потикнуваше аматерските самодејности, фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови. Во член стана и КПЗ, Списанието за литература, уметност и култура Стремеж и ЦСЛУ. Домот прерасна во Центар на културата со професионална и значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност. Во 2004 г. го доби статусот, национална установа, во чии рамки влезе и ансамблот на театарот ,,Војдан Чернодрински,,.

Тешко се пребројуваат сите културни настани создадени, промовирани, зародени, одиграни. Душата на културата била домаќин на сите аматери и на професионални театарски, литературни и ликовни творци. За исклучителната културна дејност и за вонредните театарски и музичко сценски изведби во 2009 г. ја доби најпрестижната награда на Прилеп ,,3-ти Ноември,,.

Со гала концерт на 14 ноември од 19 часот ќе се одбележи 40 годишнината. Ќе настапат Танцово студио ,,Зодијак,, тенорот Илија Белистојаноски, сопранот Ана Митоска, мецосопранот Катерина Попоска, пијанистот Денис Најдоски, театарот ,,Чин 4 – Сцена 5,, КУД ,,Моминок,, Октетот Прилеп, Double Strings (Андријана Дукоска виолончело и Љупчо Трајаноски виола, виолина), дел од културните работници кои добиле и добиваат поддршка од институцијата.

На 13 ноември во 19 часот, концерт во изложбениот слаон ќе има квартетот ,,Полихимниа,, со гостите Ана Митоска и Катерина Попоска.

Loading