Историја
Во организација на ВК ,,Илинден,, во октомври 1990 година се одржа Велосипедска трка ,,11 Октомври,, со учество на најдобрите велосипедисти од цела Југославија. Релацијата беше Прилеп – Битола – Демир Хисар – Крушево – Прилеп, во должина од 115 киломеѕтри. Во силна конкуренција од над 40 учесници – од Белград, Загреб, Сараево, Чачак, Лесковац, Куманово, Велес, Прилеп и други места, победи Зоран Вујовиќ (Унис, Сараево), пред Александар Миленковиќ (МВК, Белград) и Рајко Чубриќ (Чукарички, Белград).
Трката беше за Купот на Југославија.