МЛАДОСТ Е ЕСЕНСКИ ПРВАК

Пинг-понг

Никој како Младост, кој постигна уште две победи и стигна до максимални 6 победи, без пораз, освојувајќи го првото место во есенскиот дел од Супер лигата. Последни ,,настрадаа,, Младост 96 и Шампиони ФА, со идентични 4-1. Во градското дерби Србинот Оцокољиќ доби 2 партии, плус во двојки со Јочкоски, кој додаде уште една, а кај поразените партија само за Србинот Миленковиќ. Претставници на клубовите добија подарок – книгата ,,Прилепски спортски големини,, од Драги Башески. Натаму, во дуелот со штипскиот ривал Јочкоски доби 2 партии, плус во двојки со Оцокољиќ, кој додаде уште една. Екипата на Младост 96 со максимални 4-0 го совлада Работнички.

Табела: Младост 12, Шампиони ФА 11, Младост 96 – 10, Работнички 9, Телеком 8, Радовиш 7, Вардар 6.

Loading