Уметнички израз во цветен аранжман со декорација од раздвижени луѓе. Мермерната скулптура налик на дланка во која има топка или на жена која гледа во топка, сеедно како е крстен убаво, се вклопил во цветната градини, во центарот.
Орните граѓани пеш, на велосипед или со арабаџиска кола пред 50 години го нагазиле гранитниот килим од плочки и коцки. Коњот “рипа”, брза, сигурно. Не е мрза. Сака предизвици кога случајно или намерно се нашол во “неприроден” амбиент, каде “владее” цивилизација. Каде белото е мерка за чистота на просторот, а тревата е урбана декорација, а не храна, која преработена, остава зад себе траги на “белилото”…
Денес, на местото пак е зеленило. Ја нема само скулптурата, симболот на творештвото на Прилеп, на градот на културата и уметноста. Во близина е плочникотза малди ноќе и пензионери денски. Сите со свој пат и приказна.
Ретка убавина.