ФОТОМОНОГРАФИЈА „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“

ПРОМОЦИЈА

Фотомонографијата „Ченто – биографија низ фотографија“  од Рубин Белчески ќе биде промовирана в недела на 3 ноември во ЦК ,,Марко Цепенков,, за денот на градот. Делото содржи над 250 фотографии и околу 150 хронолошки подредени настани, поврзани со првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. Меѓу кориците се фрагменти од животот и после смртта. На страниците се фотографии на подигнати споменици, спомен обележја и разни уметнички дела, создадени во негова чест.

– Фотографиите се обработени и хронолошки подредени да даваат слика за неговиот тежок, бурен и, пред сé, борбен живот од раѓањето, младинските и спортски активности, периодот како борец и политичар, затвореничките години, па до смртта. Делото содржи и календар со хронолошки подредени  настани од животот на Ченто. Кратките информации ги надополнуваат фотографиите пренесуваат претстава за непоколебливата личност со извонредно богата биографија – вели Белчески.

Поместени се и неговите најзначајни мисли, изјави или делови од говори. Целосно е презентирана статијата пред свикувањето на Народното Собрание, каде Ченто го пренесува знаењето за минатото, но и за визијата за иднината на Македонија.                                                    

Ако една поговорка вели: ,,Една фотографија, илјада зборови,, тогаш може да се замисли колку зборови содржат фотографиите. Со визуелен пристап, лесно достапен, се овозможува брз допир до информации за животот и борбата на Ченто.

Loading