ДЕСПИНА ПОДОБРА ОД ШАМПИОНОТ

Фудбал

Големото дерби во Женската фудбалска лига, Драгон – Деспина, го добија прилепчанките со 1-3. Многу вреден резултат, ако се има предвид дека домашниот тим е актуелен шампион и мошне ретко губи. Учесникот во квалификациите од Лигата на шампионите во трите претходни сезони на домашната сцена има само 4 порази. По водството на скопјанките, израмни Милеска, во второто полувреме домашните си дадоа автогол, а печат на успехот удри Стојковска. В недела Деспина е домаќин на Борец.Табела: Деспина и Саса 19, Шкендија 18, Тиверија и Драгон 16…

Во машката Втора лига – Исток Победа седмипат поразена, со 2-0 во Каменица од Саса, а в недела пак гостува, на Беласица во Струмица.

Loading