Во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, е отворена изложба на склуптури на прилепскиот уметник Марјан Стојаноски, со работен наслов „Традиција-жена“, како продолжение на неговиот проект „Феникс“.
– Стојаноски се претставува со шест скулптури од метал, од кои три ротирачки и три статични. Делата се реткост на нашиве простори и носат порака за издигнување, кога човекот мисли дека нема надеж – вели директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи.