АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Власта не може да опстојува со поткуп на народот.

x

Дочека подобро утре, вчера на гости кај сосетката.

x

Повеќе не е доволно да се слушне и другата страна. Треба и оние кои прислушкуваат.

x

И од кривиот оџак чадот ита угоре.

x

Нема мали улоги. Има само мали луѓе.

x

На врвот опстојуваат само исправените.

x

Кој не расчистил со минатото тешко ќе опстане во сегашноста, а уште помалку во иднината.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading