СЕ ПОСТАВУВА „БАСНИ“

Во театарот

Del od ansablot  igra vo Basni

 

Ансамблот на театарот ја подготвува новата претстава за деца „Басни“ во режија на Кирил Петрески. Премиерата е планирана за крајот на ноември.

-Тема на претставата за деца се басните од неколку автори. Басната е  една од најстарите литературни родови. Не само децата, омилена е и кај возрасните. Басната е чудесна метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поими и слики за вечните вистини. Полни се со поуки за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се јунаци. Преку нив се пренесуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта… Сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: ,,Се зборува во вселената,,. Во една строфа вели: ,,Направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето. Отидов подалеку. Дрвјата и растенијата станаа суштества што зборуваат,,. Привлечни се за сценска обработка творецот или таткото на басната, Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој во записите од македонското народно творештво сместил ,,мали приказни за животни,, – вели режисерот Кирил Петрески.

Ќе играат Катерина Чакмакоска – Клинческа, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска – Ачански, Михајло Миленкоски, Александар Тодески и младата Надица Ѓорѓијоска.

Сценографијата и костимите се на Александар Џинго и музиката на Томе Темелкоски,.

Loading