ЕСЕНСКИ ХРИЗАНТЕМИ И ТЕМЈАНУШКИ

hrizantemaЕден од синонимите за есента е хризантемата. Крошната, исполнета со густи цветови, е драгоцен украс за секој дом. Набавете барем една садница да го разубавите амбиентот дома, но и на терасата. Плус мирисаат уникатно и инспиративно. Хризантемата се одржува до мраз, а во простории и подолго. Растението после ги губи листовите. Напролет повторно разлистува и наесен цвета. Пожелно е во зима да биде посадена во земја на отворено.

Зимските темјанушки се чудо на природата. Тие се цветен расад кој му инаети на мразот. Во најладните денови се вкочануваат од студот, но при првото зимско сонце се креваат во полн сјај. Се полеваат во текот на зимата. Мразот брзо ја извлекува влагата од почвата, па потребно е повремено полевање.

Loading