ВРАТО БОЛИ ОД БАЈРАЦИ

-Арно ти текна да се јавиш. Си реков да не замина негде?

-Кај че ом, ебаго, за кај сум?

-За јабана! На мода е сега. Стануваш сабајле, се тегниш, мочаш…

-Мокриш, биди културен!

-Уринираш, за најкултурно. То, ко че зборуваш со баба ти. Со тебе зборувам сега. После земаш пашошо, ја вајчаш кваката и џизла.

-Туку- така?

-Не бегам јас и такви ко мене. Така прат младите.

-Оди ти, помлад си. Јас дури сато не го видам два-трипати, не сум ко шо треба.

-Ко ја преживеа ,,Дилижанса,,, сато е ништо. Печен си за нови возбуди.

-Препечен, гареж сум напраен, накај пепел одам. Ни возбуда не помага.

-Стасан си до четврти, не брзај за накај пети спрат. Има време.

-Петти вејче го имаш поминато. Не летај нагоре, да не заскиташ, па да те вати соколо. Кој че те онади после.

-Салам велиш?

-Салам салам, те глем, ми маваш на ебем страна понабрго со врато.

-Ми остана алипна десната страна. Зато се подзатресувам одвреме навреме. Маки!

-То ти е од бајраците!

-Кој бајраци бе, серак еден?

-Тие ко одеше по митинзите.

-То беше пред 30години. Ова сега ми се јави.

-Тогаш ти влезе, сега ти излегува?

-Можи така,

-Си садел тикви?

-Не, крастајци!

-Крастајцата наеднаш излегува?

-Прво семка, па ластар, па лис, па цвет…

-По месец,  ете крастајци. И ова така.

-Бајрако ти е семката. Ко мавташе бајраци, ти влегла семката. Да ти влези, не треба многу. Легнала семката. Убо í било. У живала, набубрила пуштила корен, па стебло, па гранки една, друга и дошла до врато. И шиба. Зато подзамавнуваш со врато на ебем страна. Јасно!

-Чаре?

-Со здравје да си го носиш. Да те чува горнио од полошо.

-Шо зборуваш?

-Глеј да не почнат да маваат другите гранки, па да не знајш на која страна да се тресиш.

-Ами и ти мавташе бајраци, па еве не шлибаш?

-Шлибам, ама помалце. Ги одбирав полесните и малце понастрана. Не ко тебе во првите редој. Не застануваше од вртејне и врескајне, ко Прилеп да си го ослободил.

– Атерџија да не се роди. Че речеа, ајде викајте, ние, ајде, колку глас не држи. Мавтај, ко гулабари. Се сејчаваш ј ко одевме за Битола…

-Како не. То че го остајме за другпат. Сега стабилизирај се малце со врато…

-Каде, кај Кумата или во мариовскана?

-Кај Муло! Специјалистичка ординација за врат и вратни жили.

Џага Дур

Loading