Совеста и доблеста не одат заедно со кариерата по секоја цена.
Х
Кројачите на туѓите судбини сеуште се во мода.
Х
На заспаните никогаш нема да им се остварат соништата.
Х
Заслепениот ита кон височините за да биде виден.
Х
Животот е трка во која секојдневно треба да се победува…
Х
Сеуште профитираат оние кои го зборуваат она што сакате да го слушнете, а го работат она што си го замислиле пред тоа.
Х
Најдобри апчиња се оние кои можат да се употребуваат без рок на траење.
“Д-р Хаџи-Васков”