ТУРКАНИЦА ЗА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“

medena zemja flaer

Голем е интересот за проекциите на филмот ,,Медена земја,, што се прикажува во киното Мис Стон. Сите проекции до вторник се распродадени и се бара билет повеќе.

Големо љубопитство предизвика најнаградуваниот македонски документарец, што победа во три категории и триумфираше на престижниот филмски фестивал Санденс. Филмот е македонски кандидат за ,,Оскар,, и е во трка за најдобар документарец на европските филмски награди.

Актерката Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: ,,Медена земја,, е неверојатна, визуелно зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам,,!

Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за ,,Оскар,,.

Режисери се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, музиката е на  ,,Фолтин,, а протагонисти се Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…

,,Земи половина од медот, половина остави за пчелите,,. По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со мајка си во централна Македонија. Кога во соседството ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Филмот се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска.

Loading