(НЕ)ЗАБОРАВ ОД ЕМИЛ ДИМОСКИ ВО ДЕМИР КАПИЈА

Сограѓанинот Емил Димоски со макети и слики се претставува во музејот во Демир Капија. Презентира 35 дела, макети на куќи од традиционалната македонска архитектура и слики со приказ на куќи и црковни храмови.

-Димоски со творештвото, покрај автентичната идеја остварена со висок естетски пристап, подарува сведоштво за минатото, вградено во традиционалната архитектура со изразена посебност на македонизмот – посочи Цветанка Тодороска Митрева.

Ова е петта самостојна изложба на Димоски, кој професионално е  професор по физика. Тој со делата го пренесува македонскиот бит преку архитектурата, етнологијата и фолклорот.

Loading