СВИНСКО НА СЕЛСКИ НАЧИН

selsko

Потребни се 700 г. сечкано свинско месо, 700 г. печурки, 3 големи главици кромид, 200 г. млечен кашкавал, 250 г. матена павлака, сол, зачини, чили, оригано, сув зачин, 1 голема лажица сенф, маслиново масло и вода по потреба.

Месото се пропржува со маслиново масло. Кога ќе се вцрви малку и ќе фати коричка се долева малку вода. Се динста на тивок оган околу 45 минути, додека да испари водата и месото да омекне. Готовото месо се остава на страна. Кромидот се сече покрупно и се пропржува. Кога ќе зарумени се додава месото. Печурките се пржат во маслиново масло и им се додава лажица сенф и зачини по вкус. Дел од печурките се блендираат да се добие погуст сос. Месото заедно со кромидот, печурките и блендираните печурки се враќаат во тенџерето да крчкаат заедно на тивок оган околу половина час. На крај целата смеса се распоредува во три помали грниња, се става павлака, кашкавал, повторно павлака и се зачинува со малку оригано. Се става во рерна да се запече околу 15 минути колку да се растопи кашкавалот и да фати кора.

Loading