СЕДУМ ДРЖАВИ НА „ЦЕВИТАНА КУП“

Џудо: Меѓународен турнир за паметење

Judo

Спортските настани од меѓународен карактер се ретки и затоа е вреден Меѓународниот турнир во џудо ,,Цевитана куп,, во салата на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,. Беа повеќе од 320 учесници од 35 клуба, од 7 земји, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија. Имаше што да се види, пред сé, големата желба и талентот што го поседуваат џудистите од регионов, кои се бореа за медалите во конкуренција на помлади и постари пионерки и пионери, кадетки и кадети. Клубот организатор, Сеишин, може да биде задоволен и со присуството на големите ѕвезди од минатото кои оставија голем печат во овој спорт, Славко Обадов, Павле Буљчиќ и Јанош Чихи.

Турнирот беше по повод празникот 11 Октомври.                                                                                         

Loading