ПРИЛЕП Е НА ВРВОТ

Ракомет

Ништо не ветуваа, но остваруваат. Тоа може да се каже за покажаното на ракометарите од прволигашот Прилеп. Откако на првенствениот старт дома со 25-28 загубија од Јуниор КВ, имаше скептицизам за идните мечеви. Но, се заредија победи – прво со 31-34 над Алушовски во Скопје, потоа дома со 45-24 против Текстилец, а највредната 25-35 со Македонија ЃП во Скопје. ,,Прегазен,, е дотогашниот лидер. Стрелци: Пајкоски, Бикоски и Тасев по 7, Дуковски 4, Кузманов и Попов по 3, Трајкоски 2, Бурчески и Конески по 1.

Викендов е мечот дома со Риниа.

Табела: Прилеп и Македонија ЃП по 9, Астраион и Куманово по 7.

Победи и женската екипа Деспина. По тешките дуели есенва, кога прво дома со 22-31 загуби од Куманово, потоа во Скопје со 45-18 од Вардар, триумфот е постигнат со 24-16 дома против Овче Поле. Гостите беа разбиени во вториот дел. Стрелци: Рипилоска 8, Камческа, Цветкоска и Јовеска по 4, Филипоска 2, Крстевска и Цаневска по 1. Во средата беше гостувањето кај фаворитот Металург во Скопје, а викендов е мечот дома со Алушовски.

На табелата води Металург, а Деспина е на 10 место.

Loading