„ПРЕД НАЛЕТОТ НА ЗБОРОТ“ ОД ТОНИ ПАВЛЕСКИ

toni pavleskiНова книга

,,Тоа е зборот

Што никогаш не го реков,

А ми стоеше

тука,

на врвот од јазикот.

Тоа е зборот

Што ме остави овде

Вечно во просечноста,,.

Ова е дел од стиховите од 45 песни од Тони Павлески, од новата стихозбирка ,,Пред налетот на зборот,,. Поетскиот израз е едноставен, но и сложен, непосреден, разбирлив и слоевит, богат со воодушевувачки метафори и семантика кои ја задоволуваат читателската жед за естетика, значења и повисока смисла.

Во рецензијата стои дека секој поетски здив остава трага во душата. Оти се среќава во вителот, во налетот на зборот меѓу читателот и создателот како сродни души, средба што не се заборава.

Павлески објавил две збирки поезија, книги со хаику поезија. Делата му биле објавувани во повеќе поетски списанија. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата 3 -ти ноември Стиховите се преведувани  на повеќе јазици.

Loading