„ГЛЕМБАЕВИ, УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА“ ПРЕТСТАВА ЗА ЖИВОТОТ НА ЖИВИТЕ И МРТВИТЕ

Aplauzi za Glembaevi uste edna   legenda

Дел од ансамблот на театарот во копродукција со „Еуроказ“ премиерно ја изведе претставата ,,Глембаеви, уште една Легенда,, варијации на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец.

Претставата е со поинаква естетика во однос на македонската верзија и даде друга енергија. Двете актерски екипи, хрватската и прилепската,  одлично функционираа и покажаа дека може да се прават копродукциски проекти.

Претставата е приказ на животот на живите и мртвите, енергиите се двојни. Претставата се планира да се игра и во Загреб и на други меѓународни сцени. За актерите ова е искуство плус и спојувањето им е фантастично. Проектот е старт на добра практика на соработка и театарски експеримент.

Играа Андон Јованоски, Златко Буриќ, Даниела Иваноска, Домагој Јанковиќ, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Сузана Брезовец, Димитар Црцороски, Роберт Шпаниќ, Исидор Јованоски, Павле Вркљан, Трајче Иваноски, Игор Трпчески и Ана Митоска Стојаноска.

Композитор на музиката е Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, а за костимите се погрижи Сузана Брезовец.

Loading