ДУЊИТЕ Е ЛЕК ЗА ЖЕЛУДНИК…

dunja

Што може да лекува дуњата. Од ова есенско овошје се лековити плодовите, листовите и семето. Посебно сокот. Содржината на танин поволно влијае врз работата на цревата и спречува инфективни болести.

Дуњата претставува витаминска бомба. Освен минималната количина на калории, богата е со протеини, јагленихидрати, диетални влакна. Содржи многу танин и пектин. Од витамини богата е со витамин Ц. Содржи и провитамин А, витамини Б1 и Б2. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.

Семките  имаат 15 отсто масло и големи количини витамин Б17 со антиканцерогено дејство. Содржат масти, танини, пектин, шеќери, јаболкова киселина… Се оставаат во вода да отстојат да испуштат слуз. Оваа течност е одлична за бели дробови. Дуњата е исклучително лековито овошје. Сокот од дуња, ако се свари со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена дуња се препорачува при воспаление на желудечна и цревна слузокожа, но и за лекување на анемија. Чај од цветови од дуња помага во смирување на кашлица, а чајот од семки делува смирувачки, помага при инсомнија и го неутрализира лошиот здив.

Дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, паткино, јунешко и месо од дивеч.

Французите со векови прават ,,сирење,, од дуњи кое се приготвува така што 2 килограми дуња се вари со кора додека целосно не омекне. Кога ќе се изладат, дуњите се сечат на парчиња и се пасираат. Добиената маса се мери, па се додава одговарачка количина на шеќер (на 1,5 кг. пире од дуња се додава 1 кг шеќер. Сето повторно се готви на тивок оган околу 45 минути со постојано мешање. Веднаш по готвењето, сирењето од дуња се претура во одговарачка тепсија, плиток стаклен сад или во помали чинии. Кога ќе излади, десертот треба да се исече на коцки, извалка во шеќер, па да се стави на темно и суво место да отстои. Ова ,,сирење,, е силен извор на енергија. Се консумира како лек за подобрување на дигестијата. Не се препорачува единствено за дијабетичари и луѓе со вишок килограми.

Loading