ДЕНЕСКА ПОБЕДА – ТИКВЕШ

Фудбал

Ретко фудбал има во петок, но поради зафатеност на стадионот кај Могилата со Светскиот куп во дронови, второлигашкиот фудбалски дуел Победа – Тиквеш е закажан за денеска во 15 часот. Според имињата на клубовите треба да биде големо дерби. Но друго кажуваат резултатите. Победа има само 2 победи, а 5 порази, а Тиквеш 6 победи, 1 реми и ниеден пораз. Во гостинскиот тим се двајца прилепчани – голманот Игески и за врска Ј. Наумоски. Кавадарчаните доаѓаат со навивачи и по нови три бода. Дали прилепчаните тоа ќе го дозволат?

Претходно беше поразот со 3-0 од Брегалница во Пехчево. Штета е и црвениот картон за Дунимаглоски.

Табела: Тиквеш19, Беласица 18, Кожуф 17, Брегалница 14, Пехчево 9, Саса 7, Победа 6, Плачковица 4, Осогово и Питу Гули по 3.

По паузата, продолжува и првенството на Женската фудбалска лига. Екипата Деспина гостува на Истатов во Дојран со желба за петти есенски триумф. Претходно беа убедливи победи со: Љуботен (15-0), Топ-Гол (7-1), Шкендија (2-0) и Атлетико (6-0).

Loading