ЧЕХОТ СПАЦЕК ФАВОРИТ БРОЈ 1

Воздухопловство: Светски куп во дронови

-Кандидати за медали се и пилотите од Македонија

Svetski kup vo dronovi

В сабота и в недела нов меѓународен настан – Светскиот куп во дронови. Домаќин е клубот ,,Фил феникс,, со ВФМ и ФАИ. На стадионот кај Могилата, организацијата на третиот куп е предводена од директорот Здравко Тодороски. Градов и државава го потврдуваат местото меѓу водечките во регионот за овој вид спорт во кој е вклучена најсовремената технологија.

Најавени се 31 учесник од 6 држави, Бугарија, Чешка, Италија, Србија, Швајцарија и Македонија. Доаѓаат квалитетни натпреварувачи. Некои се со амбиции за освојување медали. Според претходните резултати, фаворит број 1 за ,,златото,, е Давид Спацек од Чешка, третопласиран на Светската рејтинг-листа. Најсериозен конкурент се очкува да му биде Матео Борела од Италија, кој е на 20 место од листата. Меѓу учесниците се и петмина Македонци, од кои највисок рејтинг има Бојан Ников, на 31 место, а подолу се Александар Ников, Ѓорѓи Синадинов, Костадин Тасески, додека единствен прилепчанец е Бошко Петрески. Србија доаѓа со 14 пилоти, меѓу нив и жена,  Наталија Клепиќ.

Предвидени се по три лета за секој учесник. В сабота прво се пробните летови, квалификации. В недела се квалификациите и елиминациите, а од 12 до 15 часот полуфиналето и финалето.

Поштенска марка во чест на Купот

Светскиот куп во дронови го сврте вниманието. Изготвена е поштенска марка, чија промоција е в сабота на отворањето. На марката, покрај дронот е слика на Прилеп со Градскот саат. Секој учесник ќе добие поштенска марка за спомен.

Loading