АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Што е полошо: неспособни политичари или способни за се’?!

X

Додека народот оди по улици тој оди од телевизија на телевизија.

X

Од слободата на изразување  сигурна е само слободата на молчење.

X

Диктатурата на пролетеријатот предизвика појава на многу диктатори…

X

Залудно чекаше да му се насмее среќата. Таа само заби му покажуваше.

X

Среќата ја чинат мали нешта, а несреќата мали души.

X

Должникот  јавно тврди дека ги исплатил доверителите, само парите ги нема никаде!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading