СТРАДАЊАТА НА ПОЛЈАЦИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Изложба

 

„Борба и страдање – Полските граѓани за време на Втората светска војна“, е изложбата отворена во салонот на ЦК ,,Марко Цепенков,,. На отворањето присуствуваа амбасадорот на Полска Војчех Тичињски и градоначалникот Илија Јованоски. Амбасадорот посочи дека изложбата е посветена на 80 годишнината од крајот на Втората светска војна.

– Втората светска војна почна во Полска. Имала големо влијание на развојот на Европа во тоа време…. Сликите ја раскажуваат историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – рече амбасадорот.

Loading