СКУЛПТУРИ ОД МАРЈАН СТОЈАНОСКИ

Изложба на скулптури од уметникот Марјан Стојаноски ќе биде отворена на 10 октомври во ликовната галерија во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе бидат изложени дела од последниот циклус, создавани во метал. Тема е слободата и креативноста.

Стојаноски првпат самостојно се претставува во родниот град. Изложувал во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди и учесник на ликовни колонии.

Loading