ОРЕВИТЕ СЕ ЧИСТАЧ НА КРВТА…

orev

Малку е познато за лековитоста на младите листови, зелените лушпи и незрелите плодови, кои помагаат при многу болести. Оревот е познат како чистач на крвта. Лекува белодробни заболувања, воспаленија на цревата,  ги јакне мускулите и видот. Како облога се користи против инфицирани рани и екземи, кожни болести, воспаление на очите. Маслото од орев ја негува косата и штити од изгореници предизвикани од сонце. Значајно се подобрува нивоата на холестерол и флексибилноста на крвните садови, што помага за подобар проток на крвта само за четири часа после консумирањето. Редовната консумација долгорочно го штити кардиоваскуларниот систем. Со еден грст ореви четири дена во седмицата значително паѓа ризикот од срцеви заболувања.

Јатката содржи 65 отсто масло, белковини, јаглехидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц, железо. Одлична е како детоксикант, секретолик, лаксатив и антидијабетик. Листот содржи етерично масло, танин и материи со лут и горчлив вкус. Се собира во јули на убаво време. Најдобро е да се користи додека е свеж и зелен, бидејќи содржи нераспаднати лековити состојки. Делотворен е чајот од млад лист, кој заедно со малку мед го чисти организмот и ја подобрува здравствената состојба. Добар е за дигестијата, костоболките, крварењата на непцата, гнојни осипи, прекумерно потење на нозете и против вагинален исцедок.

Младите зелени ореви се богати со витамин Ц. Се ставаат во мед и сирупот закрепнува од болести, деца и слабокрвни.

Зрелите плодови со многу масло се јадат сурови. Одличен извор се на омега-3 масни киселини. Затоа успешно го снижуваат холестеролот.

Во комбинација со медот, оревот е одличен природен лек затоа што за организмот обезбедува неопходните витамини, минерали, белковини, масти, јагленихидрати. Посебно е ефикасен при исцрпеност и слабокрвност.

Loading