ЈУНИОРСКО „ЗЛАТО“ ЗА ПЕТРЕСКИ

Моделарство: Светски куп „Македонија“

На спортскиот аеродром, во организација на СВК ,,Феникс,, и ВФМ, во рамките на ФАИ, се одржа Светскиот куп ,,Македонија,, во слободнолетечки спортски воздухопловни модели. Во сениорска категорија прваци имаше од Бугарија, Србија и Турција. Кај јуниорите, во најмасовната категорија Ф-1-А (едрилици), меѓу 26-мина триумфира Зоран Петрески, пред Анастасија Пожарска и Симона Тошеска, сите од клубот домаќин.

У чествуваа 49 пилоти од 6 држави.

На 12 и 13 октомври ќе се одржи Светски куп во дронови.

Loading