СВЕТСКИ КУП „МАКЕДОНИЈА“

Спортско воздухопловно моделарство

Спортски спектакл е на повидок в сабота, на Спортскиот аеродром, во организација на СВК ,,Феникс,, предводен од Здравко Тодороски, ВФМ, а во рамките на системот натпревари на интернационалната федерација ФАИ. Се работи за Светскиот куп ,,Македонија,, во слободнолетечки спортски воздухопловни модели.

Врвни пилоти ќе се борат за повисоко место во повеќе категории. Во Ф-1-А (едрилици), се очекува неизвесен натпревар на учесници од Бугарија, Русија, Србија, Турција, Македонија, во сениорска и јуниорска конкуренција. Во Ф-1-Б (гуменици) на претходно наведените држави им се приклучува и Црна Гора. И овој натпревар е за сениори и јуниори. Интересно ќе биде во Ф-1-Ц (качувачи), категорија само за сениори, додека само јуниори се во Ф-1-П (клипеници). Во Ф-1-К (електрични) пак се сениори и јуниори. Предвиден е и ,,Еурочеленџ,, за сениори и јуниори, во категоријата Ф-1-Х (едрилици).

Лани беа 80 пилоти, а најдобра држава беше Русија.

Успех во Тошеска

Во Дупница, Бугарија, се одржа Светски куп во слободнолетечки модели, на кој учествуваа македонски пилоти. Во конкуренција Ф-1-А Симона Тошеска го освоила 8 место.      

Loading