ПОБЕДА – ПИТУ ГУЛИ НА МОГИЛА

Фудбал

В сабота (15 ч.) на Могила се среќаваат губитниците – Победа и Путу Гули. Прилепчаните загубија со 1-0 во Кочани од Осогово, од сомнителен пенал, а крушевчаните дома со 1-2 од Пехчево. Така двете екипи се во долниот дел од второлигашката табела. Кој победува, се оддалечува од дното, а поразениот пропаѓа. Инаку, во Штип: Брегалница – Тиквеш 0-1.

Табела: Тиквеш 13, Беласица 12, Кожуф 11, Брегалница 10, Пехчево 8, Саса и Плачковица 4, Победа, Осогово и П. Гули по 3.

Loading