ПЕЈО БЕЗ ГЛАВА

Ошле Итар Пејо со двајица мариовци на лов да го бркаат волко. Го нашле, го удриле некако волко. Тој се пикнал во некоја капина, оти не го дотепале. Шчо да пра? Пејо, ко најитар, свлекол гуната, се пикнал во капината да го вајџа волко. Ама волко го ватил и му ја скинал глата на Пеја главата!

Првијо другар, маријоец вика:

-Чека го Пејо, нема го да излези!

Признал другио мариоец во капината и му рекол:

-Мрда!

-Оди, вати го за нози, да го извлечкаме надзад Пеја – вика првио.

Вторио отиде и го извади:

-Бре, камо му ја глата?

-Имаше ли гла, ил немаш?

Се думале, думале и не му текнуало. Се договориле:

-Че одиме, да ја прашаме Пејојца. Таја знај!

Ошле и ја прашале:

-Пејовице, мори, да ли имаше Пејо гла, да ли немаше?

-Кој го знаје? Че ми текнеше, од Велигден на Велигден купуаше од град по една валаница. Ама, да ли имаше гла, да ли немаше, не знајем!

Двајца маријовци, шчо останале без другар, се думале:

-Ај, да видиме, шчо му ја изеде глата?

Ич не му текнувало, оти волко му ја скинал глата! Отише во капините, а волко беше избеган. Наше еден срп!

-Море, овој житојадец му ја скина главата на Пеја – вика првијо маријоец.

-Камо го, да го видам. Донеси го, чее го средиме, оти такаа напра – вика  другијо.

Првнио му го даде српо на вторио.

-Ти му ја зеде глата на Пеја и мавна од еден камен еднеш, па уше еднеш, и го скрши преку стредина.

-Ее, Итер Пејо без глава, ама ти без половина!

Loading