ЗАР Е МОЖНО?!

ivce1Грешки од секаков вид. Така е и во сите други јазици. Не може сé да биде чисто. Сепак, мораме да констатираме дека во нашиов јазик, во комуникациите, правиме премногу грешки. Состојбата е дури и загрижувачка. Во сите области, од сите луѓе, и од обичните и од оние со докторски титули. Се прават грешки, мошне често и кога се читаат некои текстови, некои имиња напишани со латинска азбука. Поодамна, кога почна кај нас да се користи Кока кола (на латиница цоца цола) мнозина наши, би рекле неуки луѓе, го читаа тоа како Цоца цола. Синалкото (синалцо) некои го читаат синалцо. Такви грешки се правеа и се прават со некои фармацевтски производи, лекови. На пример, апчињата (лаксатив) со латинско писмо се напишани Дулцолаџ. Сме слушнале луѓе кои ги читаат – дулцолах, а тоа си е всушност Дулколакс. Своевремено, по аптеките се продаваа слободно и антибиотици. Лично сме биле сведок кога, релативно млад човек, бара да купи Вибрамуцин. Тоа е всушност Вибрамицин а тоа со латинска азбука е напишано како Вибрамѕцин.

Се продаваше некогаш по аптеките стерилна вата. Спакувана на посебен начин. Прилегаше на каделите од нашите баби. Пред шалтерот неколку луѓе. Извесна госпоѓа бара хистерична вата. – ,,Каква е таа хистерична вата,,? – прашува аптекарот. Жената усрамена, вцрвена вели: ,,Па еве ова,,. – ,,Тоа е стерилна вата,, – одговара аптекарот. Жената, уште повеќе усрамена вели: ,,Добро, дајте ми од неа,,.

Сме слушнале дека некој преживеал инфракт (наместо инфаркт), некој бил болен од бронхоплеумонија (наместо бронхопневмонија) и така натаму. Многу вакви грешки, но сите сме ги слушале од поединци. Од луѓе неуки, и во крајна линија, луѓе на кои и не може толку да им се забележи. Од она што го прочитале и што го слушнале, а веројатно погрешно го прочитале и слушнале и така го изговараат. Кога ќе се случат, кога ќе сретнеме грешки од официјални институции, превод, крајно неточен, тоа предизвикува и смеа но и гнев. Имено, една таква грешка беше повод за овој напис. Се прашува човек, зар и тоа е можно? Сме се служеле со определени квалификации, како невнимание, неодговорност, незнаење, па и глупост и така натаму. За оваа глупост не можеме да најдеме никаква квалификација. Ова ги надминува сите граници.

За што станува збор? Постои лек кој се вика Репаглинид, а го користат дијабетичарите. Постојат повеќе производители. Ќе зборуваме за производител: – Производител: ПхармаС д.о.о. Радницка цеста 47, 10000 Загреб, Хрватска. На пакетчето треба да пишува Репаглинид ПхармаС, а ние, нели сме земја која се грижи за својот јазик и секој производ треба да биде напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. И еве, случајов е таков. Името на лекот, на пакетчето е напишано – Репаглинид ПхармаС. Навистина, зар и ова е можно? Кој ли преведувач го направил ова и кој ли лектор го допуштил? Зар тие луѓе не знаат дека латинските букви (гласови) ,,п,, и ,,х,, кога се еднододруго се читаат како ,,ф,,. Зар не виделе и не прочитале дека ФАРМАЦИЈА на латински се пишува ПХАРМАЦЅ? Ете, загрепската фирма за производство на лекови се вика ПхармаС. Нашиве преведувачи го ,,превеле,, (го препишале) тоа на македонски – ПхармаС, наместо ФармаС. Според тоа, нашиве фармацевти (аптекари) би требало да ги викаме ПХАРМАЦЕВТИ. Велиме, зборовите неодговорност, негрижа, незнаење, глупост, сме ги потрошиле. Еве ќе додадеме уште – ова е резил на резилите. Зар не е резил? А на пакетчето пишува вака: ,,Носител на одобрението ПхармаС лекови д.о.о.е.л. Скопје, Бул.8-ми Септември број 2/2 локал 13 кат 4 1000 Скопје Р.Македонија,,. Го пренесуваме текстот точно како што е напишан на пакетчето. Браво! Отсега ќе бараме лекови од нашите ПХАРМАЦЕВТИ.

На крајот – ПХАРМА, а на македонски – ФАРМА.

Благоја Ивчески

Loading