ИЗЛОЖБА НА АЛЕКСАНДАР СТАНКОСКИ

„Состојби“ е изложбата на дела од Александар Станкоски што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. За авторот делата се дел од неговото видување на уметноста како на бескраен духовен простор со огромни интерактивни капацитети.

-Уметничкото творештво е трансформација на невидливата потенција во видливите креации. Сето ова создава чудесни патувања низ можностите и очекувањата, ограничувањата и идеалот. Некои уметници, па дури и уметнички дела, се вообличуваат низ тешки маки и страдања, додека други, низ забава и игра, подобна на детската. Сето ова искуство е комбинација на овие два аспекта, агонија и екстаза, болка и задоволство, заедништво и изолација и, конечно, непоимливата генеза на состојбите на свеста. Затоа уметничкото творештво е во непрекинат дијалог со духот на времето, со смислата на минатото, иднината и идентитетот, со животот сам – посочува авторот.

Станкоски завршил  ФЛУ во Скопје. Работи како самостоен уметник. Остварил студиски престои во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско. Имал бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Loading